Добра вест за Реал Мадрид по повредата на Милитао

Оваа репрезентативна пауза донесе нови проблеми за Реал Мадрид откако Едер Милитао им се приклучи на Чуамени и Менди како играчи кои се повредија при настап за своите национални селекции.

Бразилскиот дефанзивец веќе се врати назад во Мадрид, а деталните лекарски прегледи донесоа добра вест за тренерот Карло Анчелоти. Имено, не станува збор за повреда на мускулните влакна, туку само за преоптоварување на мускулите на Бразилецот, кој ќе мирува неколку дена, по што ќе почне со лесни тренинзи.

Според првичните прогнози, Милитао ќе паузира десетина дена, што би значело дека ќе ги пропушти првите три средби по репрезентативната пауза, против Реал Сосиедад, Штутгарт и Еспањол. Неговиот камбек се очекува на мечот со Алавес на 25 септември, по што тој би требало да биде стопроцентно подтотвен за градското дерби со Атлетико Мадрид закажано за 29 септември.

Се вчитува...