Лука Модриќ реши да продолжи да настапува за Хрватска и по завршувањето на ЕВРО 2024, па фудбалскиот генијалец вечерва ќе испише нова историја, станувајќи дел од одбрано друштво на играчи со најмногу настапи за своите репрезентации.
Асот на Реал Мадрид ќе ја предводи Хрватска на вечерашната пресметка со селекцијата на Полска, што ќе биде јубилеен 180. меч за Модриќ во „коцескиот“ дрес. Со тоа, Хрватот ќе го остави зад себе Андрес Гуадрадо од Мексико и ќе се израмни со долгогодишниот соиграч Серхио Рамос, кој во кариерата имаше 180 натапи за Шпанија.
Од фудбалерите кои се се уште активни во светот на фудбалот, пред Модриќ се само уште Кристијано Роналдо со 213 натпревари за Португалија и Лео Меси, кој одигра 187 средби за Аргентина. Меѓу овие двајца великани се Бадер ал Мутава од Кувајт со 196 и Сон Чин Ан од Малезија со 195 репрезентативни средби, но овие фудбалери веќе ги имаат завршено своите кариери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА