Лука Модриќ вечерва против Полска го игра својот 180. меч за Хрватска, а фантастичниот јубилеј е заокружен со неверојатниот погодок што маестралниот плејмејкер го постигна за водство на својата селекција во второто полувреме.
Хрватите се мачеа да го скршат отпорот на полскиот состав се до слободниот удар што беше досуден на дваесетина метри од противничкиот гол. Модриќ ја зеде топката и погоди маестрално, собирајќи ја пајажината од горниот десен агол од полскиот гол.
Мајсторскиот погодок на Модриќ можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА