Легендата на Ливерпул, Јон Арне Рисе откри дека не може да заборави што му направи Крег Белами во периодот кога заедно играа во дресот на „црвените“, но и дека му простил на поранешниот соиграч.
Рисе ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005, но две години покасно беше жртва на физичка напад од страна на Белами. Двајцата се скарале откако Рисе одбил да пее караоке за време на тимско дружење, а сето тоа следело откако претходно се искарале и на голф терен.
На Белами не му се допаднало како Рисе се обратил кон него, па касно вечерта го нападнал со палка за голф во неговата хотелска соба.
Сега, 43-годишниот Норвежанец вели дека му простил за сето тоа, но веќе не сака да има ништо со него.
„Сега немам никаков контакт, ниту би сакал да бидам пријател со Белами, затоа што соиграчи не би требало да прават такви нешта. Соиграчи често се караат, се случува и на тренинзи и на натпревари, но тој отиде предалеку. Тој не е личност која би сакал да ја имам блиску до мене“ – вели Рисе и дополнува:
„Нема ништо против него. Тој си живее по негово, и тоа е тоа. Но, не сакам да ми е во близина. Можам да простам, но не и да заборавам“.
Белами, пак, во својата автобиографија се извини за инцидентот кој го направил нарекувајќи го: „патетичен“, „глупост од највисоко ниво“ и „пијано, насилничко однесување“.
За тој негов инцидент Велшанецот беше казнет со 100.000 евра, но потоа и двајцата продолжија да играат заедно во дресот на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

