Милан слабо ја почна сезоната во Калчо-лигата, тренерот Фонсека се надеваше на будење веднаш по репрезентативната пауза, но плановите сериозно му се нарушија по повредата што ја заработи Бенасер при еден од тренинзите на алжирската репрезентација.
Алжир тренираше на вештачка трева пред гостувањето против Либерија бидејќи и мечот требаше да биде игран на таква подлога, но Бенасер притоа заработил сериозна повреда на мускулот. Тој веднаш по враќањето во Милано заминал на детални лекарски прегледи, каде било утврдено кинење од трет степен на мускулот на ногата.
Вообичаената пауза за ваков вид на повреди изнесува три месеци, што е огромен удар за „росонерите“ ако се знае дека клучниот играч за врска би можел да се врати дури пред крајот на оваа календарска година.
Милан освои само два бода во првите три рунди од новата сезона од Серија А, а во првото коло по паузата ќе ја пречекаат екипата на Венеција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА