Жељко Обрадовиќ и Партизан се решија на неочекуван потег летово, менувајќи го речиси целиот играчки ростер во однос на лани (во тимот остана само центарот Копривица, кој имаше минимална минутажа кај „црно-белите“.
И додека голем дел од јавноста се сомнева дали Обрадовиќ ќе може за кратко време (стартот на Евролигата е за еден месец) да ги воигра големиот број нови засилувања, трофејниот стратег неодамна откри дека тоа нема да му биде прв ваков случај во кариерата.
„Сите говорат за тоа како сум сменил цел тим, како било тешко… Па јас истото го направив и во Реал Мадрид, кога ја освоивме Евролигата во 1995. Тогаш Арвидас Сабонис се пресели во НБА-лигата, си заминаа уште 8-9 играчи, но успешно ја направивме таа транзициј. Слично нешто направив и во Фенербахче, сменивме можеби не толку голем број, но си заминаа клучни играчи и на нивно место дојдоа нови. Лично им се заблагодарив на сите кошаркари кои беа со нас ланската сезона, но сега градиме нова екипа и на новите момци им е потребна поддршка“, истакна Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА