Лотар Матеус испрати порака до раководството на Баерн Минхен да му понуди нов договор на Томас Милер, кој се уште го нема кажано последниот збор.
Милер немаше преголема улога кај Томас Тухел, но на стартот од сезонава под водство на Винсент Компани покажува дека не смее предвреме да биде отпишан. Легендарниот Матеус е убеден дека Милер ќе има одлична сезона со која јасно ќе покаже дека заслужува да остане во Баерн и по 2025 година.
„Не се сомневам во Томас Милер, напротив, возбуден сум поради него. Гледате дека е свеж, ментално е максимално мотивиран, тој ќе има врвна сезона во Баерн. Баерн мора да го задржи и да му понуди нов договор и по 2025 година, Милер е фудбалски феномен и заслужува да остане во клубот до крајот на кариерата“, порача Матеус.
Томас Милер на стартот од сезонава стана апсолутен рекордер по бројот на настапи за Баерн, откако стигна до 710 натпревари за баварскиот гигант, уривајќи го досегашниот рекорд на Сеп Мајер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА