Заменик капитенот на репрезентацијата, голманот Столе Димитриевски на прес-конференцијата пред утрешната пресметка со Ерменија, кажа дека Македонија мора да победи и да најави дека е подготвена да се бори за првото место во групата.
Тој ги коментираше изјавите на дел од поранешните репрезнтативци после разочарувањето во Торшавн и ремито со Фарски Острови.
„Нормално е дека поранешните колеги дека имаат нивно мислење. Тоа е нивно мислење, јас како заменик капитен сум фокусиран и максимално подготвен да го одработам утрешниот меч. Во оваа ситуација најважно е утре да победиме за да имаме големи шанси за прво место а потоа се друго да коментираме. Во овој момент и за мене и за моите соиграчи најбитно е утре да победиме“, изјави Димитриевски.
Голманот на националниот тим додаде дека е најважно поискусните да го покренат возот и да покажат поинаква игра утре.
„Ние постарите треба да го покренеме возот за помладите да се качат и да покажеме поинаква Македонија и да дојдеме до поволен резултат. Сакам да победам утре и Македонија утре мора да победи“, рече голманот на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА