Тренерот на Панатинаикос Ергин Атаман го пофали својот нов играч, охриѓанецот Џеди Осман. Осман пристигна како последно засилување на Панатинаикос за новата сезона.
Осман се враќа во Европа по седум години во НБА, каде беше дел од Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спурс.
„Тој е одличен играч, кој има одличен карактер, што е дефинитивно важно. Елементите кои во основа го карактеризираат неговиот карактер се неговата физичка способност, неговата агресивност на двете страни од теренот и неговата способност да го забрза натпреварот кога најмалку се очекува. Тој може да покрие две позиции, добро ги чита ситуациите и го става тимот пред себе“, рече Атаман
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА