Фудбалската репрезентација на Франција по поразот од Италија во првото коло се врати на победничките патеки откако вечерва на домашен терен во 2. рунда од Лигата на нации славеше над Белгија со 2-0.
Селекторот на „триколорите“ Дидие Дешам по поразот од Италија се реши на клупа да ги седне Мбапе и Гризман, а тоа на крајот се покажа како одличен избор. Иако двајцата фудбалери во игра влегоа во вториот дел, галските петли сите дилеми околу победникот ги решија претходно. Прво Коло Муани во 29. минута стрелаше за 1-0, додека конечните 2-0 ги постави Усман Дембеле во 57. минута.
France [2] – 0 Belgium – Ousmane Dembele 57'
byu/diogovin insoccer
Во вториот меч од А дивизијата, Италија славеше над Израел со 1-2. Стрлеци на головите за „аѕурите“ беа Фратези и Кеан, додека единствениот погодок за Израел го постигна Абу Фани.
Israel 0 – [2] Italy – Moise Kean 62'
byu/diogovin insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА