Квотербекот на Кливленд Браунс, Дешон Вотсон се соочува со нова тужба за сексуално вознемирување.
Иако успеа да реши 23 тужби и двапати да се брани пред поротата против тужба на 10 жени, Дешон Вотсон сè уште се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување. Во Хјустон е поднесена нова тужба, а станува збор за настанот од октомври 2020 година, кога тој се соблекол гол и побарал масажа и сексуално ја нападнал жртвата, која успеала да се спротивстави и да го исфрли од станот.
Во 2022 година, Вотсон беше суспендиран на 11 натпревари и казнет со пет милиони долари поради ваквите обвинувања од повеќе од 20 жени. Тој подоцна беше ослободен од овие обвиненија. Во тоа време, тој потпиша петгодишен договор со Кливленд вреден 230 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА