Македонскиот репрезентативец, Андреј Маслинко (27 год, 208 см), од денеска и официјално е нов член на МЗТ Скопје, откако ги договори сите услови и го стави потписот на договорот со клубот од Аеродром.
Тој веќе настапи на турнирот „Андреј Грковски“, и во меѓувреме преговараше со управата на „металците“. За крилниот центар ова е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе го носеше сино-белиот дрес во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.
Маслинко е четврто засилување за МЗТ Скопје за новата сезона, по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица. Во тимот се уште Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ и Марко Баковиќ.
Новата сезона МЗТ ја почнува на 24 септември со мечот на домашен терен против Теодо на стартот од АБА2-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА