Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски веднаш по настапите за националниот тим во септемврискиот циклус од Лигата на нациите, би можел да реализира трансфер во турскиот суперлигаш Анталијаспор.
Како што пренесуваат турските медиуми, Алиоски веќе има понуда за преселба во редовите на Анталијаспор. 32-годишниот Алиоски воопшто не добива шанса за настап во саудискиот Ал Ахли, па како слободен играч би можел да се пресели во турското првенство.
Факт е дека е далеку од посакуваната форма, што се гледа и низ настапите во репрезентативниот дрес, поради што за него е апсолутно неопходно враќањето на европскиот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА