Бобан Илиоски по инцидентот: Обвинет сум за нешто што не направив, правдата ќе победи!

Еден од најдобрите македонски кикбоксери, светскиот шампион Бобан Илиоски е во фокусот на македонската јавност по инцидентот во кој беше вклучен по кој реагираше и македонската полиција.

Според информациите, Илиоски се впуштил во физичка пресметка со непознати лица кои ја каменувале неговата куќа. Илиоски сега во обраќање до јавноста преку социјалните мрежи побара од официјалните истражни органи да даде изјава за целиот случај, нагласувајќи дека вистината ќе исплива на површина.

„Во врска со инцидентот кој овие денови кружи на социјалните мрежи, чувствувам должност и обврска да се обратам на сите кои ме поддржуваат во моето патешествие како спортист и како личност. Постојат многу верзии од случката, но вистината ќе излезе на виделина после расчистување на случајот и до тогаш не коментирам за ништо поврзано со тоа, се додека надлежните органи не дозволат да дадам изјава во врска со истото. Немав намера да го оцрнам образот на моите тренери, мојот клуб, мојата држава и титулите кои ги носам, а најмалку од се сакав да бидам во ситуација каква што бев. Без разлика за тоа што сум обвинет (за нешто што не сум го направил), верувам дека правдата ќе излезе на виделина, и секој ќе одговара за своите постапки“- напиша Илиоски.

Инцидентот се случил откако Илиоски физички се пресметал со едно лице, кое претходно нападнало член од неговото семејство. Станува збор за 28-годишниот Е.Л. од Скопје, кој потоа со поголема група на луѓе отишол пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., истакнаа тогаш од полицијата. Од МВР информираа и дека увид бил извршен и се преземале мерки за расчистување на случајот.

Се вчитува...