И покрај тоа што „Кориере дела Сера“ денеска пренеска дека ВАДА и Италијанската антидопинг агенција (НАДА) одлучиле да не вложуваат жалба по одлуката на Меѓународната тениска агенција за интегритет за случајот на Јаник Синер, сепак тоа не е вистина.
Од ВАДА соопштуваат дека Синер се уште е под истрага, а одлуката не е донесена…
„Конечната одлука не е донесена“ – се наведува во соопштението, во кое се дополнува и рокот до кога мора да биде донесена одлуката.
Доколку дојде до пресврт во приказната и Синер биде суспендиран, ќе остане без титулите од УС Опен и од Мајами, како и поените за полуфиналето на Индијан Велс и Монте Карло, но и полуфиналето од Ролан Гарос и четвртфиналето на Вимблдон.
🚨NEW🚨
The WADA has issued me this statement on Jannik #SinnerPART ONE
“WADA’s review of this case is ongoing. No decision has been taken on that yet. For the deadline, read 13. 2. 3.5 of the World Anti-Doping Code.”— Adam_Addicott (@AdamAddicott) September 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА