Повредата што Мартин Одегард ја заработи на синоќешниот дуел меѓу Норвешка и Австрија воопшто не е наивна, тоа беше очигледно и кога капитенот на Арсенал утрово на патерици се качи на чартер-летот за Лондон, каде врз него беа извршени детални лекарски прегледи.
Резултатите од тие прегледи беа обелоденети вечерва, носејќи лоша вест за Микел Артета. Станува збор за проблем со лигаментите во скочниот зглоб, поради што Одегард ќе мора да паузира околу еден месец од фудбалските терени. Ова е значителен проблем ако се знае дека Арсенал во овој период го очекуваат дерби дуели со Тотенхем и со Манчестер Сити, а згора на тоа ќе стартува и со настап во Лигата на Шампионите.
Главното летно засилување, Микел Мерино, исто така ќе паузира уште најмалку еден месец по својата повреда, а проблем плус е што викендов против Тотенхем нема да може да настапи ниту Деклан Рајс, кој доби црвен картон минатото коло против Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА