Загревање за ЕП: Грчевски го објави списокот за двомечот со Австрија

Селекторот Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки за септемврискиот собир, што ќе послужи за нашата женска репрезентација да се подготви за настапот на ЕП 2024 закажан за крајот на оваа календарска година.

За септември се предвидени две пријателски средби со Австрија, и тоа на гостински терен во Брегенц на 28.09 и на 29.09, за што македонскиот селектор повика 21 ракометарка, од кои 15 се интернационалки.

Собирот е закажан за ден 23.09.2024 (понеделник), со почеток во 08.00 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.

Се вчитува...