Македонија доминира, но остана и со играч помалку по исклучувањето на Зајков

Македонија игра нерешено 0-0 по првото полувреме во дуелот со Ерменија на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките од 2. коло во Лигата на Нации. Меѓутоа огромен проблем за македонската репрезентација може да биде исклучувањето на Ѓоко Зајков на крајот од првиот дел, кога доби втор жолт картон.

На натопен терен и под дожд, избраниците на Благоја Милевски доминираат, имаат и шанси, меѓутоа херој на првиот дел е голманот на Ерменија, Огнен Чанчаревиќ, кој одбрани барем два тешки удари на играчите на Македонија.

Ревија на шанси имаше Елмас, кој трипати се закани по голот на Ерменците. Најпрво во 18. минута кога шутираше само покрај голот од 25 метри, а потоа и неговиот шут се одби од градите на Барди, и заврши во рацете на Чанчаревиќ.

Најдобрата шанса Елмас ја имаше во 21. минута кога по една одлична акција излезе сам пред голот на Ерменците, но и тој обид го одбрани Чанчаревиќ.

Шанса во првиот дел Македонија имаше и преку Барди во 42. минута, кога опасно шутираше, а топката профуче над дирекот, а потоа се обиде и Бабунски, но топката отиде крај голот.

Ерменија само еднаш се закани по голот на Димитриевски во 25. минута, и тоа преку Ховханисјан, кој шутираше само над голот од 20 метри.

На крајот од полувремето кога се очекуваше крај, неочекувано Зајкво поради приговор доби жолт картон. Поради тоа што една минута порано доби жолт поради остар старт, македонскиот дефанзивец беше испратен предвреме во соблекувалната. Тоа може да биде голем проблем за Македонија.

Се вчитува...