Панатинаикос има рекорден буџет од 50 милиони евра

Панатинаикос по долга пауза успеа да се врати на тронот на европската кошарка, доволна причина за контроверзниот сопственик Јанакопулос уште повеќе да го одврзе ќесето за создавање на моќен тим што повторно ќе атакува на титулата во Евролигата.

За таа цел беше ангажиран Лоренцо Браун, потоа пристигна и центарот Омер Јуртсевен, а „бомбата“ експлодираше на крајот, откако ПАО пред неколку дена го потпиша и Турчинот Чеди Осман, за кого сериозен интерес покажуваше и Реал Мадрид.

Грчките медиуми вечерва објавија дека Јанакопулос обезбедил буџет од неверојатни 50 милиони евра за следната натпреварувачка сезона за Панатинаикос. Од оваа сума, 15 милиони евра ќе се издвојат за реновирање на ОАКА Арена, салата што „зелените“ лани ја добија на користење за следните 49 години.

Остатокот ќе биде целосно наменет за екипата, голем дел на плати, а мал дел и на режиски трошоци за беспрекорно функционирање на актуелниот европски првак.

Се вчитува...