Репрезентативната пауза донесе проблем и за Пеп Гвардиола

Репрезентативните паузи знаат да им создадат главоболки на тренерите во врвните клубови, сведоци на тоа сме и во последните 48 часа. Арсенал еден месец ќе мора да се снаоѓа без Мартин Одегард по повредата на дуелот Норвешка – Австрија, а вечерва главоболки ќе има и Пеп Гвардиола, откако Аке поради повреда не го доврши мечот меѓу Холандија и Германија.

Дефанзивецот на Манчестер Сити падна како покосен во момент кога крај него немаше противнички фудбалер, веднаш стана јасно дека повредата не е наивна, па Аке мораше да биде заменет од страна на селекторот Роналд Куман.

Деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува неговата пауза од терените, сигурно е дека Холанѓанецот нема да настапи против Брентфорд во Премиер-лигата и против Интер во првото коло од ЛШ, а мали се шансите Аке да се појави во дресот на „граѓаните“ и на големото премиерлигашко дерби со Арсенал закажано за 22 септември.

Се вчитува...