Официјално: Покетино промовиран во нов селектор на САД

Екс менаџерот на Тотенхем, ПСЖ и Челси, Маурисио Покетино започна селекторска работа, откако е назначен за нов предводник на тимот на САД.

Аргентинецот кој е познат по својата работа во Англија и Франција, ќе преземе го преземе раководењето над американскиот тим со цел да го подигне нивото на игра и да го подготви тимот за следните големи турнири. Неговото назначување е дел од стратегијата на Федерацијата за подобрување на перформансите на репрезентацијата и постигнување на подобри резултати на меѓународната сцена, особено на Мундијалот 2026 година, на кој домаќин е токму САД.

Во своето прво обраќање по назначувањето, Покетино изрази благодарност за довербата што му е дадена. Тој изрази уверување дека со своето искуство и посветеност ќе може да го донесе американскиот фудбал на ново, повисоко ниво.

Се вчитува...