Веќе нема дилеми: Македонија во третиот шешир во квалификациите за СП 2026 (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија и официјално од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. По вчерашната победа над Ерменија и по резултатите на другите селекции и комплетирањето на 2. коло, јасно е дека Македонија ќе се најде во третиот шешир.

Таму сигурни се и селекциите на Ирска, Финска, Албанија, Грузија и Исланд, кои сигурно дека ќе ги избегнеме во квалификациите. Во третиот шешир засега се и репрезентациите на Шкотска и Словенија, кои може да напредуваат и во вториот шешир, додека Црна Гора, Северна Ирска, БИХ и Израел засега се во третиот, но може да се најдат и во четвртиот шешир.

Во првиот шешир сигурни се Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Италија, Португалија и Холандија, и најверојатно Германија и Хрватска, додека Швајцарија, Данска и особено Австрија не се сигурни. Велс и Турција се сигурно во втор шешир и се потенцијални противници на Македонија, како и Полска, Унгарија, Србија, Украина и Турција, додека Словачка, Романија, Грција, Чешка и Норвешка може на ккрајот да се најдат во нашиот шешир.

Последниот пеети шешир е веќе комплетиран, и таму се селекциите на Молдавија, Малта, Лихтенштајн, Гибралтар, Андора и Сан Марино.

 

Се вчитува...