Репрезентативецот на Девствените острови кои се под американска администрација, Дион Едвин (31 год, 191 см) ќе биде четвртото странско засилување за МЗТ Скопје во новата сезона, откако денеска официјално потпиша договор со клубот од Аеродром.
Станува збор за искусен бек-шутер, кој европската кариера ја почна пред седум години во Финска каде што мина една сезона во тимот на КТП, по што следува успешен четиригодишен период минат во Украина. Таму, во два наврати, настапува на Химки, а по една сезона во Киев баскет и во Прометеј, а во 2022 година си замина со две шампионски титули (2019 и 2021) и едно МВП признание за најкорисен кошаркар во првенството (2019).
Едвин во 2022 година извесен период настапува за Работнички, по што се сели во Унгарија, каде што прво игра за Атомерому, а минатата сезона и за ДЕАК, каде што имаше просек од 13,3 поени, 5,3 скока и 5,3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА