Мохамед Салах е единаесеттиот фудбалер на Египет со 100 или повеќе натпревари за националниот тим.
Јубилејниот свој натпревар против селекцијата на Боцвана го заокружи со гол и убедлива победа од 4-0 на Егпет. Досега има и 56 гола за националниот тим.
Напаѓачот на Ливерпул постигна гол во 56. минута за водство од 3-0 во тие моменти на својата репрезентација. Трезеге ги постигна првите два гола за Египет, а конечниот резултат го постави Фати во 94. минута.
Египет со две победи ги започна квалификациите за Африканскиот куп на нации.
✨🇪🇬 Mo Salah ✖️ 100 Egypt caps. pic.twitter.com/D8WLfVLgDK
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА