Украински голман ја препливал Тиса и побегнал да игра во Белорусија

Украинскиот голман Денис Шелихов потпиша договор со белорускиот тим Славија Мазир. Но, начинот на кој Украинецот пристигнал во Белорусија е бизарен. Тој ја препливал реката Тиса за да стигне во Славија.

Денис, како што пренесуваат украинските медиуми, илегално ја преминал украинската граница а пред тоа два месеци тренирал да плива со пераи.

Шелихов во Белорусија потпиша договор со Славија, а на прашање на украински новинари како ја препливал Тиса, со одговор…

„Немој да ме прашувате такви прашања. Не сте вие тие кои треба да ме прашувате за тоа. Што сте вие – обвинители? Прашајте ги граничните служби“ – бил одговорот на Шелихов.

Се вчитува...