Кристијано Роналдо бираше меѓу понудени фудбалер во подкастот на својот поранешен соиграч и голем пријател Рио Фердинанд. Најмногу полемика предизвика моментот кога бираше меѓу Килијан Мбапе и Карим Бензема.
Не е тајна дека Роналдо е голем идол на Мбапе, поради што одлучи и кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Од почетокот сакаше само во Реал како би ги исполнил своите детски соништа. Роналдо, пак, во минатото играше заедно со Карим Бензема но очигледно е дека немаат некој добар однос.
При изборот меѓу Мбапе и Бензема, се одлучи за Мбапе изоставајќи ги поранешниот соиграч.
Не се чекаше после тоа долго одговорот на Бензема, кој на својот Инстаграм профил ја објави Златната топка која ја освои во 2022 година, очигледно алудирајќи на фактот дека Мбапе се уште нема такво признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

