Кристијано Роналдо во декември 2022 година си замина од Манчестер Јунајтед, а една од главните причини беше несогласувањето со Ерик тен Хаг, кој не успеа да најде место за португалската суперѕвезда во стартниот тим на „црвените ѓаволи“.
Роналдо нешто подоцна се јави со интервју со кое брутално ги нападна челниците на клубот, тренерот, па дури и голем дел од соиграчите, а Кристијано денеска повторно е во центарот на вниманието откако отворено го критикуваше Тен Хаг поради покажување на недоволна амбициозност.
„Многу работи треба да се променат во Манчестер Јунајтед, но искрено ме разочара тренерот. Кога си тренер на клуб како Јунајтед, не можеш да излезеш пред новинарите и да кажеш дека не можеш да се бориш за пехарите во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите. Ова е Манчестер јунајтед, тим што секогаш се бори за трофеи, не смееш да се предадеш без борба. Мораш да си ментално силен, дури и доколку нема потенцијал, да кажеш дека ќе сторите се, ќе се борите на секој меч. Едноставно е, мора да се обидеш, никогаш не смееш да се предадеш без борба како што тоа го стори овој тренер“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА