Столе во избрано друштво: Најдобар голман во второто коло од Лигата на Нации

Столе Димитриевски повторно донесе сигурност во играта на нашата репрезентација, откако искусниот голман ги запре сите удари кои одеа во неговиот гол во победата од 2-0 над Ерменија.

Тоа му донесе на Македонецот и епитет „Најдобар голман во второто коло од Лигата на Нации“, во изборот на „Софаскор“. Друштво на Димитриевски во овој дрим-тим му прави Лука Модриќ, потоа и Бруно Фернандеш, англиските репрезентативци Хари Кејн и Трент Александер Арнолд…

Во период кога не е стандарден на клупски план, одлично е што Димитриевски останува во топ-форма и се прикажува во добро светло во националниот тим.

Се вчитува...