Ерик тен Хаг повторно потроши богатство на нови засилувања, но слично како и во претходните две години управата на Манчестер Јунајтед не успеа да се ослободи од играчите кои ќе имаат далеку помала минутажа поради доаѓањето на нови фудбалери.
Од оние кои беа отпишани Мектоминеј беше продаден во Наполи, Ван Бисака се пресели во ВЕст Хем, а Тен Хаг по неколку одиграни рунди од новата сезона реши да се откаже од уште тројца фудбалери кои се под договор со „црвените ѓаволи“, и тоа Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф и Џони Еванс.
Линделоф од стандарден првотимец за една година стана дури петта опција во изборот за централен дефанзивец, Еванс дојде лани како привремена опција кога Тен Хаг имаше проблеми со „крпена одбрана“, додека Ериксен ионака не беше стандарден, но со доаѓањето на Угарте неговата минутажа ќе биде сведена на минимум.
Она што е интересно, тројцата фудбалери имаат договори со Манчестер Јунајтед до крајот на сезонава, клубот не успеа да ги продаде летово, па тие во јули 2025 без ниту една фунта отштета ќе си заминат од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА