Лунин долго размислуваше, на крајот одлучи…

Андреј Лунин ќе продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид и по оваа сезона, откако украинскиот голман ја прифати понудата за нов договор со актуелниот европски првак, со важност до 2028 година.

Украинецот лани успеа да се избори да брани пред Кепа во периодот додека Куртоа беше повреден, тој собра 31 меч во тимот на Карло Анчелоти, но остана разочаран кога тренерот реши да го уфрли Куртоа во стартниот тим за финалето од Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд.

Договорот на Лунин истекува во јуни 2025, а украинскиот репрезентативец се обиде да најде клуб со посериозни амбиции кој ќе му понуди и првотимски статус. Тоа не се реализираше, по што голманот повторно седна на маса со челниците на Реал, договарајќи ги деталите за нов четиригодишен договор со „кралскиот клуб“.

Андреј Лунин е член на Реал Мадрид уште од 2018 година, кога шпанскиот гигант плати 8,5 милиони евра за да го доведе од украинскиот прволигаш Зприја.

Се вчитува...