Илија Несторовски имаше деби од соништата во дресот на Славен Белупо, откако токму македонскиот напаѓач беше херој во дуелот од Купот на Хрватска против Кустошија, што неговиот тим го доби со минимални 1-0.
Несторовски беше стартер на овој натпревар, а клучниот момент беше во 55. минута во која искусниот голгетер одлично се снајде и го матираше противничкиот голман.
Само за потсетување, Несторовски пред десетина дена му се приклучи на овој тим и се врати назад во хрватското првенство, каде од 2013 до 2016 година со голем успех ги бранеше боите на Интер Запрешич. Искусниот 34-годишен голгетер ланската сезона ја мина во италијанската Серија Б како член на Асколи, каде одигра 20 натпревари притоа постигнувајќи два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА