Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ синоќа и официјално промовиран во дресот на Олимпија Милано, заедно со уште седум летни засилувања на тимот.
Во претставувањето пред медиумите Димитријевиќ уште еднаш повтори дека доаѓањето во Милано за него претставува остварување на сонот од детството да игра во Евролигата.
„Долго го чекав овој момент, играњето за овој клуб е остварување на мојот сон. Од дете ја следам Евролигата и посакував еден ден да бидам дел од него. Сега сум тука и може да ветам само продолжување на мојот победнички менталитет и во дресот на Олимпија“ – истакна македонскиот кошаркар на промоцијата.
Пред италијанската јавност беа претставени и останатите седум летни засилувања за Олимпија Милано, Армони Брукс, Зек Ледеј, Усман Диоп, Џош Нибо, Дејвид Мекормак, Фабиен Козер и Леандро Болмаро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА