Македонскиот шампион Е. Пелистер, и покрај поразот, одигра квалитетен натпревар против Пари Сен Жермен (31-29) во Франција на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.
Тимот на Бранче Ангеловски храбро се бореше до крајот за позитивен резултат против моќниот тим на Раул Гонзалез, но францускиот тим не дозволи целосен пресврт по предност и од осум гола која во еден момент ја имаа Французите. Ангеловски по мечот истакна дека е горд на изданието на своите ракометари.
„Пред натпреварот си ветивме борба до последниот момент. Покажавме карактер и квалитет токму во коментите хога ПСЖ водеше со седум и со осум гола. Навистина сум горд на изданието на моите играчи во Париз“ – изјави Ангеловски по мечот.
Во следното коло од ЛШ, за седум дена, „пелистерци“ на домашен терен играат со бундеслигашот Фуксе Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА