Веќе традиционално, и по четврти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ на Македонија.
На 28. септември, во СРЦ „Кале“ во Скопје, таа чест ќе ја имаат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.
Програмата во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17 часот, со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и „предивикувачот“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Нешто подоцна, од 19:30 часот, исто така со директен пренос на МРТ, во битка за трофејот во машка конкуренција, ќе играат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона, и битолски Пелистер, кој има две вицешампионски места до кои стигна во плеј-офот односно финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА