Н фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез, му е одземена возачката дозвола на шест месеци, соопшти англискиот магистрален суд.
Аргентинецот беше осуден во отсуство од судот во Лондон бидејќи играше за репрезентацијата на Аргентина во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Фернандез собра 12 негативни поени поради две казни и сега нема да може да вози автомобил во следните шест месеци.
Тој е казнет и со 3.020 фунти. Неделната плата на капитенот на Челси во лондонскиот клуб е 180.000 фунти, што значи дека паричната казна нема ни да ја почувствува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА