Приоритет на Мекларен до крајот на сезоната во Формула 1 ќе биде борбата за титулата на Ландо Норис, а за тоа е свесен и неговиот колега Оскар Пиастри.
Тимскиот шеф Андреа Стела рече дека секоја поддршка за Норис ќе биде во согласност со принципите на правичност и спортски дух.
„Основниот концепт е дека ние сме неверојатно решени да победиме, но сакаме да победиме на вистински начин. Нашите принципи се интересот на тимот секогаш да е на прво место – ќе го поддржиме Ландо, но не сакаме да ги компромитираме нашите принципи“, изјави Стела.
Пред трката за ГН на Азербејџан претстојниот викенд, Норис заостанува 62 поени зад лидерот Макс Ферстапен. Пјастри е четврти со 106 поени помалку од Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА