Доскорешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Србија, Јован Шурбатовиќ уште еднаш го критикуваше селекторот на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ Пикси.
Извршниот одбор на ФФС неодамна го разреши Шурбатовиќ од функцијата што ја извршуваше од декември 2016 година.
Шурбатовиќ во интервју за српските медиуми ги наброја аномалиите во работата на ФФС.
„Самиот селектор си постави за цел да помине во втората фаза на ЕП. Тоа не го постигна по втор пат и за тоа немаше ни трошка одговорност. Очекував барем некаков знак на одговорност, барем малку самокритика. Секогаш е некој друг виновен. Спортска среќа, играчи, ВАР и судии. И трето и најважно, дали мислите дека беше лесно да функционирате како генерален секретар кога имате селектор со такви овластувања“, изјави Шурбатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА