Правната комисија на Француската фудбалска федерација донесе одлука во корист на Килијан Мбапе во спорот со неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен.
Врз основа на оваа одлука, која е конечна, парижаните ќе мора да му платат на играчот 55 милиони евра заостанати плати и бонуси кои ги бара напаѓачот на Реал Мадрид, пренесуваат француските медиуми.
Раководството на Пари Сен Жермен и претставниците на Мбапе се сретнаа еден ден пред Париз, откако францускиот претставник побара од правната комисија да се вклучи и да арбитрира во овој спор. На крајот го добил тоа што го барал – огромна сума пари.
Мбапе летово како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, откако му истече договорот со парискиот клуб. Тој тврдеше дека Пари Сен Жермен му должи 55 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА