Чудо на тренингот на Реал: Тројцата повредени на располагање на Анчелоти

Карло Анчелоти се соочи со сериозни проблеми по повредите на неколку првотимци пред и за време на репрезентативната пауза. Сепак, главоболките на стратегот на Реал Мадрид денеска исчезнаа, откако покрај враќањето на Бразилците Винисиус, Ендрик и Родриго, трофејниот стручњак на располагање ги имаше и Белингем, Чуамени и Милитао, кои го одработеа целиот тренинг без никакви проблеми.

Белингем се повреди по неколку средби на стартот од сезонава, додека Чуамени и Милитао настрадаа за време на репрезентативната пауза. Нивниот камбек најпрвин беше најавуван по 20 септември, но рехабилитацијата се одвиваше побрзо од првите прогнози, па триото ќе биде во можност да настапи веќе викендов, на гостувањето против Реал Сосиедад.

Според мадридските медиуми, Милитао ќе биде на теренот од првата минута, додека Белингем и Чуамени ќе добијат шанса во текот на второто полувреме, а се очекува двајцата играчи за врска да бидат стартери на премиерниот меч од ЛШ, на домашен терен со Штутгарт закажан за 17 септември.

Се вчитува...