Големи се шансите Ерлинг Халанд да не настапи викендов за Манчестер Сити против Брентфорд поради смртта на блискиот семеен пријател Иван Егја.
Станува збор за човек кој беше кум на свадбата на неговиот татко Алфи Халанд, човек што Ерлинг со години го нарекуваше „вујко“ јасно ставајќи до знаење дека на него гледа како на член на семејството. Егја беше присутен на официјалната промоција на Халанд во 2022 година и често го бодреше Ерлинг од трибините на „Етихад“, па сосема очекувано, голгетерот е во шок поради смртта на Иван.
„Ти си легенда, Ивар… Со зборови не може да се опише колку ми значеше, не може да се опише колку ќе недостигаш“, напиша Халанд на своите профили на социјалните мрежи.
Тој денеска се врати назад во Англија и го одрботе тренингот на Манчестер Сити. Пеп Гвардиола сепак не сакаше да потврди дали Халанд ќе може да настапи в сабота против Брентфорд.
„Личните чувства во вакви ситуации се најважни. Ерлинг тренираше, јасно дека е потресен. Јас нема да решам, тој самиот ќе донесе одлука, дали е способен и дали сака да игра викендов“, изјави Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА