Баерн Минхен утре ќе му гостува на тимот на Холштен Кил, а тренерот Компани обелодени дека за овој меч ќе има една главоболка помалку, откако Лирој Сане ги надмина проблемите со повредата.
Крилниот офанзивец тренираше со остатокот од тимот од почетокот на оваа седмица, по што доби зелено светло за настап викендов.
„Сане е одличен фудбалер, тој имаше извонреден прв дел од ланската сезона, учествуваше во многу голови на Баерн, но потоа следеа проблеми со најразлични повреди. Веднаш се забележува дека е голем борец, дека е поголем од сите проблеми што му стојат на патот и пресреќни сме што повторно ќе го имаме во тимот“, изјави Компани.
Тренерот на Баерн ќе ги има сите ѕвезди на располагање, ако се знае дека на листата на повредени се наоѓаат само Станишиќ и новото засилување Ито, кои му служат на Компани за пополнување во ротацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА