Ерик тен Хаг се соочува со огромен притисок откако претрпе два пораза во првите три кола од Премиер-лигата, па јасно е дека нов „кикс“ утре против аутсајдерот Саутемптон може сериозно да ја загрози иднината на холандскиот стратег на „Олд Трафорд“.
Во меѓувреме, ситуацијата со повредени играчи во Јунајтед се уште не се средува, па Тен Хаг и утре нема да може да смета на бројни дефанзивци. Расмус Хојлунд и Лук Шо се најблиску до камбек, но двајцата нема да бидат ниту на клупата во Саутемптон. Покрај нив, на листата со повредени играчи е уште и Лени Јоро, Мејсон Маунт, Виктор Линделоф и Тајрел Маласија.
Добра вест за стратегот на Јунајтед е што Угарте се врати по настапот со Уругвај, па засилувањето од ПСЖ ќе може да дебитира за „црвените ѓаволи“ на утрешното гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА