Падна првиот отказ во Европа поради неуспех во Лигата на Нации

Репрезентацијата на Кипар остана без селектор откако нејзиниот селектор Темур Кецбаја се реши да поднесе оставка од позицијата предводник на националниот тим.

Овој потег следува после катастрофалниот пораз од Косово на домашен терен од 0-4, по што Кипар е првата селекција која остана без селектор поради неуспех во четвртото издание на Лигата на Нации.

Кипар во првото коло ја совлада Литванија, и кога се очекуваше дека може да се носи со Косово, поради проблемите на оваа селекција, доживеа „дебакл“, што беше причина за разделба.

Кецбаја во минатото беше селектор и на Грузија, а работеше во Грција и на Кипар и тоа во екипите на Анортозис, Олимпијакос, АПОЕЛ, АЕК Атина и Анортозис. Селектор на Кипар е од 2022 година.

Се вчитува...