Официјално: Реал го продолжи договорот со голманот кој ги однесе во финалето во ЛШ

Украинскиот голман Андреј Лунин, го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште шест години. Лунин стана познат по минатата сезона кога ја доби довербата откако се повреди Тибо Куртоа, и го внесе тимот во финалето во ЛШ против Борусија Дортмунд, но таму не бранеше.

Украинецот долго време поради тоа најавуваше дека ќе замине, беше поврзуван со трансфер во Атлетико, и во други клубови, меѓутоа на крајот се реши да остане во Реал.

Лунин дојде во Реал во 2018 година, и на 19 години стана дел од првиот тим на „кралевите“. Украинецот е меѓу кандидатите за освојување на наградата „Јашин“ за најдобар голман во сезоната 2023/24, откако помогна тимот да ја освои Лигата на шампионите и првенството на Шпанија.

Се вчитува...