Челси продолжува со потпишување на луди договори со своите играчи. Напаѓачот на „сините“ од Лондон Николас Џексон овојпат доби неверојатно продолжување на договорот. Тој ќе остане во Лондон до 2033 година што само по себе е неверојатен потпис, бидејќи вакви договори се даваат само во професионалната американкска бејзбол лига (МЛБ).
На првите три натпревари во Премиер-лигата оваа сезона постигна два гола и додаде една асистенција, па како награда доби нов договор во Челси, со траење до 2033 година.
Челси има пракса да им нуди долгорочни договори на играчите. Така Јоргенсен, Феликс, Нето, Мудрик добија договори на седум години, а договор до 2033 година има и Кол Палмер.
Џексон дојде во Челси на почетокот на минатата сезона од Вилјареал во трансфер вреден 37 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА