Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните партии во игра на двојки на Челинџер турнирот во главниот град на Словенија, Љубљана.
Ѓорческа со нејзината партнерка, Швајцарката, Џил Тајмхан во четвртфиналето на турнирот вреден 125.000 американски славеа против чешкиот пар Каролина Кубанова и Анета Лабуткова со 2-1, по сетови 2-6, 7-6 и 10-5.
Во полуфиналето Ѓорческа и нејзината партнерка за противнички ќе ги имаат првите носителки на турнирот, Французинката Естел Каскино и Анастасија Детјук од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА