Дебитантот Бисинов имаше сила само за едно полувреме против Вардар

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар, стигнаа до првата победа сезонава во домашната Суперлига откако вечерва во премиерниот меч од второто коло на домашен терен славеа против дебитантот во „елитата“ Бисинов Фруит Ленд со 31-24.

По поразот од Алкалоид во првото коло, вардарци слабо го стартуваа и овој меч, а Бисинов одигра одлично во првото полувреме во кое имаше негатива од само два гола (16-14). Сепак, како одминуваше натпреварот искуството на вардарци дојде на виделина па до крајот без поголеми проблеми стигнаа до првиот триумф сезонава во Суперлигата (31-24).

Стефан Петриќ со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Тоше Ончев постигна шест гола.

Се вчитува...