Одби трансфер во Галата, за казна Рома го исфрли од тимот

Челниците на Рома се бесни на Никола Жалевски откако бекот на „римската волчица“ одби трансфер во Галататасај пред крајот на преодниот рок во Турција.

Жалевски не е најстандарден кај Даниеле де Роси, а управата на „волчицата“ договори трансфер вреден 11 милиони евра, плус четири милиони преку неколку клаузули, но и процент од следната продажба на 22-годишниот фудбалер. Самиот играч беше подготвен за преселба во Истанбул, но во последен момент се премисли, почна да ги менува условите од договорот кои веќе беа средени и на крајот трансферот пропадна.

Челниците на Рома се бесни бидејќи планираа овие пари да ги искористат за нови засилувањата во текот на зимскиот преоден рок, а проблем плус е што Жалевски има договор само до јуни 2025, што практично значи дека следното лето ќе може да си замине од клубот без никаква отштета.

Разочарани што биле изиграни од фудбалерот, челниците го отстраниле полскиот репрезентативец од првиот тим, а прашање е дали тој воопшто ќе му биде на располагање на Де Роси до крајот на оваа сезона. Одлуката е донесена на неопределено време, па останува да се види дали Жалевски повторно ќе го облече дресот на римскиот клуб, или ќе остане изолиран од првата екипа до крајот на сезоната и истекот на договорот со „волчицата“.

Се вчитува...