Повремениот македонски репрезентативец Енур Тотре кариерата ќе ја продолжи во турскиот второлигаш Сакаријаспор.
27-годишниот Тотре ја заврши соработката со украинска Ворскла и на последниот ден од преодниот рок во Турција, постигна договор за преселба во Сакаријаспор.
Тотре претходно во кариерата настапуваше и за Шкендија во македонското првенство, како и за албанскиот прволигаш Тирана. Беше стандарден член на младата репрезентација, а има и три официјални настапи за сениорската селекција на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА