Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Рељиќ е рангирана на 7-та позиција на Олимписката ранг листа. Со ова, според нејзиниот тренер Александар Ефтимов, почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.
„За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси“, вели Ефтимов.
Мила Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства.
Таа ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

